Фоњини доминацијата на овој меч ја најави со два брејка на стартот и водство од 4-0, а првиот сет да го заврши со 6-2. Слично почна и вториот сет со водство на Италијанецот кое достигна 5-1, Мареј намали на 5:4, но Фоњини го доби следниот гем за конечна победа.

Мареј во италијанскиот главен град го бранеше трофејот освоен минатата сезона, но доживеа рана елиминација, слично како на претходниот Мастерс во Мадрид. 

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар