Арсенал пред своите навивачи го совлада Сандерленд со 2:0, а стрелец на двата гола беше Алексис Санчез.

Манчестер Сити го совлада тимот на ВБА со 3:1. Головите за домаќините ги постигнаа: Габриел Жезус, Кевин де Бруин и Јаја Туре. Погодокот за ВБА го постигна: Хал Робсон – Кану.

Манчестер Сити со новите три бодови се проби на третото место, додека Арсенал е на петтото место со еден бод зад Ливерпул.
Вечерва се игра дуелот Саутемптон – Манчестер Јунајтед, а утре е средбата Лестер – Тотенхем.

Табела: Челзи 90 бодови, Тотенхем 80, Манчестер Сити 75, Ливерпул 73, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед  65, Евертон 61,... 

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 08:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар