Од редовите на Гремиот потврдија дека преговорите со Ливерпул за трансфер на младиот напаѓач кои многумина го слетаат за наследник на легендарниот Роналдињо се во тек, но засега бразилската екипа нема добиено официјална понуда.

Луан кој има 24 години, а со Гремио има актуелен договор за уште една сезона, кој не планира да го продолжи пишуваат медиумите на островот.

Луан кариерата ја започна во четвртолигашот Танаби, а во Гремио дојде летото 2014 година каде досега има одиграно 176 натпревари на кои постигна 43 голови, од кои сезонава на 16 натпревари има постигнато 6 голови.

Тој беше член на неколку младински репрезентации на Бразил, но иако го споредуваат со неговиот легендарен сонародник Роналдињо, сепак Луан Виеира за најдобрата селекција на „Кариоките“ досега има забележано само еден настап.

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 21:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар