На Тери наскоро му истекува договорот со клубот, каде што помина 22 години и доби статус на еден од најдобрите во историјата на „сините“ од Лондон, а одлуката за пензионирање или заминување во друг тим ќе ја соопшти во следните неколку дена.

- Никогаш не сум сакал да биде играч што ќе биде пречка за помладите. Не можам да исклучам дека против Сандерленд ми биде последниот натпревар. Тоа зависи од многу фактори. Ако постои реална понуда ќе ја разгледам со семејството, без разлика дали ќе дојде од странство или од англиски клуиб. Конечниот збор уште го немам донесено, изјави 36-годишниот Тери за англиските медиуми.

Тери вчера во победата над Ватфорд (4:3) го одигра 716. натпревар за Челзи и беше стрелец на 67. гол.

Долгогодишниот капитен на Челзи има освоено 17 трофеи вклучувајќи пет титули во Премиер Лигата и една во Лигата на шампионите. 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 12:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар