- Ние исто како и НБА одамна донесовме одлука по ова прашање. На состанокот пред 18 месеци одлучивме дека нема да учествува во овој проект на ФИБА. Ќе имаме уште еден состанок во јули каде ќе се разговара за распоредот за следната сезона. Можеби ќе им излеземе во пресрет со распоредот во Еврокупот, но со Евролигата ќе биде речиси невозможно. Тоа не може да биде наш проблем, проблемот е во апсурдниот распоред според кој најдобрите кошаркари нема да може да играат, рече Бартомеу.

ФИБА сака слично како во фудбалот, Мундијалските квалификации да се играат во текот на сезоната, наместо пред почетокот на првенствата. НБА тимовите веќе се изјаснија дека нема да ги ослободуваат своите играчи, а според изјавата на Бартомеу, тоа нема да го сторат ниту најдобрите европски кошаркарски екипи. 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 09:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар