Тие синоќа се наоѓаа пред пораз на дуелот со Сан Антонио кој во текот на втората четвртина во два наврата имаше позитива од 25 поени, а по четири минути од третиот период гостите водеа со 76:55. Тогаш се случи можеби клучниот момент на мечот. Каваи Ленард го повреди левиот глужд при незгоден доскок и за него мечот заврши, а неизвесно е дали ќе може да игра до крајот на серијата. Од тој момент Голден Стејт почна да фаќа резултатски приклучок и на крајот успеа целосно да го сврти резултатот во своја полза со 113:111.

Гостите од Тексас имаа шанса да победат и без својот најдобар играч и водството го чуваа до 46.минута, но во последните 120 секунди Голден Стејт направи серија од 8-0, доволно за конечен триумф.

Сетф Кари со 40 и Кевин Дуран со 34 поени беа предводници во победата на Голден Стејт, а најпрецизен во поразениот тим беше Ламаркус Олдриџ со 28 поени, додека Ленард поради повредата застана на 26 поени.

Следен натпревар е утревечер повторно на теренот на Голден Стејт. 

Датум на објава: понеделник, 15 мај 2017 во 08:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар