Тој со подобра тимска тактика успеа да стигне до победничкиот пехар откако во 44.круг го мина Себастијан Фетел од Ферари. Инаку, Фетел имаше лидерско место откако откако во првиот круг успеа да го мине Хамилтон.

Другите два болида на Мерцедес и на Ферари не ја завршија трката. Раиконен (Ферари) во првиот круг имаше судар со Макс Ферстапен, а Валтери Ботас (Мерцедес) се откажа во 38.круг поради проблем со моторот.
Третото место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а зад него се пласираа: Серхио Перез, Естебан Окон, Нико Хилкенбург.
Во генералниот пласман во водство е Фетел со 104 бодови, пред Хамилтон со 98 бодови. На третата позиција е Ботас со 63, а на четвртото место е Раиконен со 49.

Следната трка ќе се вози на 28.мај во Монте Карло за Големата награда на Монако. /МИА

Датум на објава: недела, 14 мај 2017 во 17:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар