Натпреварот беше решен со тројката на Џон Вол на 3.5 секунди пред крајот, а во последниот напад за Бостон Ајзеа Томас не успеа да поентира.

Натпреварот беше изедначен во целиот тек, а највисокото водство го имаше Вашингтон од 40:30 во финишот на првиот дел, но Бостон со серија од 12-1 на полувреме водеше 42:41. Во третата четвртина Бостон водеше, а во последната четвртина гостите го имаа највисокото водство од пет поени (87:82).

Најефикасни кај Вашингтон беа Бредли Бил (33 поени) и Вол (26), а двајцата заедно постигнаа 23 од 26-те поени на екипата во последниот период. Кај Бостон Томас и Ејвори Бредли постигнаа по 27 поени.

Победникот од мајсторката во финалето на „Исток“ ќе игра против првакот Кливленд, додека во финалето на „Запад“ ќе играат Голден Стејт – Сан Антонио. /МИА

Датум на објава: сабота, 13 мај 2017 во 10:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар