Ова ќе биде нивни 50.ти меч, а Ѓоковиќ има подобар скор од 26:23 во победи и притоа има победи на последните седум мечеви, воедно тој е лански победник на овој турнир. Почетокот на полуфиналето е во 16 часот.

Инаку, Ѓоковиќ во четвртфиналето не одигра меч откако Кеи Нишикори поради повреда го предаде мечот, а Надал беше поуспешен од Давид Гофин со 7:6 (7:3) и 6:2 во сетови.

Во второто полуфинале ќе играат Доминик Тием и Пабло Куевас. Тием го совлада Борна Чориќ со 6:1 и 6:4 во сетови, додека Куевас беше подобар од Александар Зверев со 2-1 (3:6; 6:0 и 6:4 во гемови). /МИА

Датум на објава: сабота, 13 мај 2017 во 09:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар