Ланската шампионка Романката Симона Халеп успеа да се пласира во финалето откако во полуфиналето ја совлада Анастасија Севастова од Летонија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови).

Ова за неа ќе биде вкупно трето финале во Мадрид откако во 2014 година беше поразена. Нејзината противничка Кристина Младеновиќ од Франција во второто полуфинале ја совлада Светлана Кузнецова од Русија со 7:6 (7:4) и 6:4 во сетови.

За Младеновиќ ова е четврто финале во 2017 година, а прво на турнир од овој ранг. Воедно таа успеа да ја совлада својата партнерка од игра на двојки. /МИА

Датум на објава: сабота, 13 мај 2017 во 09:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар