Вардарци се пред освојување на 11 титула во домашното првенство што би бил трета титула по ред за нив.

На оваа средба само 20 минути траеше делумниот отпор на Металург. Гостите постојано ја форсираа играта „седум на шест" обидувајќи се на тој начин да добијат некоја предност кога се напад. Но, тоа многу не им помогна зашто во првото полувреме неколкупати примаа лесни голови.

Одбраната на Вардар се покажа како клучна во победата. Металург во 9. минута израмни на 5:5, а потоа Вардар постојано беше во водство. Во 21 минута Металург повторно намали на „минус 2" (13:11) и тоа е се што направи од аспект на резултатска неизвесност. Вардар со серија од 3:0 поведе со 16:11 и до крајот само ја зголемуваше разликата.

Во победничкиот состав најефикасен беше Тимур Дибиров со 8 гола,  Игор Карачиќ постигна 7. Арпад Штербик мечот го заврши со 12 одбрани. Кај Металург најефикасен беше Немања Обрадовиќ со 8 погодоци. 

Датум на објава: петок, 12 мај 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар