Официјално денеска беа објавени имињата на петмината кошаркари кои го сочинуваат „идеалниот стартен тим“ Евролига.

Очекувано во неа се играчи од четирите екипи кои ќе се борат за шампионскиот трофеј, односно ќе играат на завршниот „фајнал-фор“ турнир во Истанбул.

Во „најдобрата петорка“ се двајца играчи на Фенербахче, Богдан Богдановиќ и Егбе Јудо, членот на актуелниот шампион Нандо де Коло од московска ЦСКА, како и Серхио Љуљ од Реал Мадрид и Јоргос Принтезис од Олимпијакос.

Втората петорка ја сочинуваат: Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва), Бредли Вонамејкер (Дарушафака), Николо Мели (Бамберг),а Брајан Данстон (Анадолу Ефес) и Густаво Ајон (Реал Мадрид).

Потсетување дека завршницата на Евролигата е закажана за 19 и 20 мај во Истанбул, а полуфиналните двојки ги сочинуваат, ЦСКА Москва – Олимпијакос и Фенербахче – Реал Мадрид.

Датум на објава: четврток, 11 мај 2017 во 22:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар