Женската репрезентација е пријавена за квалификациите за Евробаскетот 2019, а натпреварите на турнирот ќе бидат подготовки за тие настапи.

Според распоредот на натпреварите на 2.јуни (петок) ќе играат: Босна и Херцеговина – Јапонија (почеток 18 часот) и Македонија – Бугарија (почеток 20 часот).

На 3.јуни (сабота) двојките се: Бугарија – Босна и Херцеговина (18 часот) и Македонија – Јапонија (20 часот) и на 4.јуни (недела): Бугарија – Јапонија (18 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20 часот).

Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.   

Датум на објава: четврток, 11 мај 2017 во 18:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар