Шампионот Вардар во натпреваротод 1.коло загуби во салата во „Автокоманда“ со 29:26 и за одбрана на титулата потребно е да победи со разлика повисока од три голови. Металург нема пораз на досега одиграните пет натпревари.

Иако до крајот на лигашкиот дел од плеј офот ќе останат уште четири кола квалитетот на овие две екипи многу отскокнува од другите четири и затоа шампионската титула најверојатно ќе се решава на вечерашниот дуел.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот, а ќе го судат македонските интернационални судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Табела:  Металург 15 бодови, Вардар 12, Еурофарм Работник 9, Охрид 9, Пелистер 6, Борец 0. /МИА

Датум на објава: четврток, 11 мај 2017 во 09:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар