На денешното извлекување на групите што се одржа во Базел во седиштето  на Светската ракометна федерација Македонија беше рангирана во „третиот шешир“ и за противници ги доби европските селекции Шпанија и Русија, Бразил од Јужна Америка, Тунис и Буркина Фасо од Африка.

Во другите групи ќе играат:
Група А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Јужна Кореа, Чиле.

Група Б: Франција, Катар, Данска, Египет, Словенија, Шведска.
Група Д: Хрватска, Исланд, Алжир, Саудиска Арабија, Аргентина, Мароко.

Четирите првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во следната фаза во осминафиналето, додека другите две селекции ќе се борат за пласман од 17 до 24.место. 

Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 18:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар