Македонија пред ждрепката е сместена во третиот шешир заедно со селекциите на Катар, Алжир и Фарските острови, кои нема да бидат противници на црвено-жолтите во групната фаза.

Носители се репрезентациите на Шпанија, Франција, Германија и Хрватска, кои ќе бидат ждребани од првиот шешир.

Во вториот покрај домаќинот  Тунис, се и селекциите на Норвешка, Данска и Исланд. Во четвртиот шешир ќе бидат селекциите на: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија и Бразил, а петтиот во ќе се: Словенија, Буркина Фасо, Јужна Кореја и Аргентина.

Од последниот шести шешир ќе бидат извлечени селекциите на:  Русија, Мароко, Шведска и Чиле.

При извлекувањето ќе бидат одредени четири групи со по шест репрезентации, од кои првопласираните четири селекции од секоја група ќе играат во осминафиналната фаза, додека петто и шесто рангираните ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Извлекувањето на групите за младинското Светско првенство е попладнево од 16 часот во Базел. /МИА

Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 10:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар