Попладнево Вардар е домаќин на Борец од Велес во еден од одложените дуели на „црвено-црните“ (5.коло) поради европските обврски.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Ракометарите на Вардар во четврток ќе го одиграат и вториот одложен натпревар од 6.коло против Металург повторно како домаќини, кога и ќе се решава прашањето на шампионот за оваа сезона. Металург оствари победа на првиот меѓусебен дуел оваа сезона во плеј офот.

Дуелот во четврток почнува во 19 часот и се игра исто така во СЦ „Јане Сандански“. 

Датум на објава: вторник, 09 мај 2017 во 14:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар