Првакот МЗТ Скопје е домаќин на Куманово и има водство од 2-0 во победи и важи за фаворит во дуелот. Натпреварот се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Натпреварот меѓу Работнички и Карпош Соколи ќе се одигра во салата „Градски парк“ без присуство на публика поради казната на Работнички за фрлањето тврди предмети на првиот дуел меѓу двете екипи.

За Куп освојувачот Карпош Соколи, кој има предност од 2-0 во победи празната сала е шанса да се стигне до третата победа, иако оваа екипа првата победа ја постигна токму на прекинатиот дуел кога имаше навивачи.

Почетокот на двата натпревара е во 19 часот.

Датум на објава: вторник, 09 мај 2017 во 12:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар