Шампионот Клувленд со максимални 4-0 во победи стигна до финалето на Источната конференција. Синоќа Кливленд на гостински терен го совлада Торонто со 109-102. Леброн Џејм средбата ја заврши со 36 поени, девет скокови и шест асистенции, додека Кајри Ирвинг имаше 27 поени, девет асистенции и пет скокови.

Противник на Кливленд во финалето ќе биде подобриот во дуелот меѓу Бостон и Вашингтон, во кој резултатот сега и израмнет на 2:2 во победи, откако ноќеска Вашингтон славеше со убедливи 121-102. Џон Вол кој оствари „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 12 асистенции беше најзаслужен за оваа победа на „Визардси“.

Во Западната конференција и тимот на Хјустон се избори за израмнување на резултатот на 2:2 во победи во дуелот со Сан Антонио откако „Ракетите“ го добија синоќешниот меч пред своите навивачи со 125-104.

Џејмс Харден имаше „дабл-дабл“ со 28 поени и 12 скокови, додека Гордон беше стрелец на 17 поени за домашниот тим. /МИА

Датум на објава: понеделник, 08 мај 2017 во 09:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар