По едно релативно изедначено прво полувреме, домаќините одиграа одлична трета четвртина во која комплетно го скршија отпорот на противникот и ја осигураа победата.

Ѓорѓе Дреновац беше најрасположен за игра кај аеродромци со 17 поени и шест скока, додека Јуре Лалиќ средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 14 поени и 11 скока. Уште една добра партија во низа прикажа и Адем Мекиќ со 12 постигнати поени и тоа сите во второто полувреме кога се реши победникот, додека Данило Мијатовиќ реализира 10 поени со седум скока и три асистенции. За одбележување се и првите поени во сениорска конкуренција на 18-годишниот Леонид Тодоровски, кој оствари и три скока.

Втората средба од серијата се игра утре (недела) во Куманово.

Првиот дуел од другата полуфинална пресметка во која учествуваат Работнички и Карпош Соколи не го дочека својот крај. Последната четвртина од овој натпревар ќе се доигра вечер со почеток во 19 часот без навивачи во салата „Градски парк“ поради  прекинот. Претходно судиите неколку пати ги опоменуваа домашните навивачи кои кои со тврди предмети фрлаа кон кошаркарите на Карпош Соколи.

На крајот од третиот период резултатот е 67-60 за Карпош Соколи. 

Датум на објава: сабота, 06 мај 2017 во 12:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар