Екипата од Атина ја искористи предноста на домашниот терен и во решавачкиот петти меч од четвртфиналето го совлада турскиот тим Анадолу Ефес со 87-78, па со конечни 3-2 во победи се пласира на заврниот „фајнал-фор“ во Истанбул.

Спанулис со 22 поени беше прв играч и на овој натпревар, додека Принтезис придодаде 14 поени за победничкиот тим постигна, а Четин Осман со 11 поени беше прв стрелец кај гостите од Истанбул.

Во полуфиналето Олимпијакос за противник ќе го има актуелниот шампион ЦСКА Москва, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Фенербахче и Реал Мадрид.
Завршницата, односно на „фајнал-фор“ турнирот во Истанбул, ќе се игра на 19 и 21 мај. 

Датум на објава: среда, 03 мај 2017 во 11:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар