Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои 4.место на стартот од новата сезоната во ЕТТЦ шампионатот.

Откако првата трка на легедарната патека во Монца, Стефановски ја заврши на четвртото место, во втората на крајот беше на петтата позиција, за на крајот во севкупниот поредок да биде петто рангиран.

По овие две трки во Монца, Стефановски освои 9 поени, и е на 4.место во генералниот пласман, зад Шрајбер со 20 поени и Рипли и Фулин кои имаат по 17 бода.

Следната трка од ЕТТЦ шампионатот е за две недели во Унгарија. Претходно, Стефановски на 6 и 7 мај, ќе настапи пред домашната публика и тоа на Големата награда на град Скопје – „Водно 2017“.

Датум на објава: недела, 30 април 2017 во 12:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар