Иџе ја започнува новата ЕТЦЦ сезона со трката во Италија на легендарната патека „Монца“. Македонија ова сезона ќе дебитира на ФИА ЕТЦЦ со националната екипа, АКК Стефановски. За летачкиот Македонец Игор Стефановски Иџе, ова ќе биде втората ФИА ЕТЦЦ сезона.

- Стефановски ќе даде се од себе со цел да овозможи македонската химна и македонското знаме да бидат дел од победничкиот пиедестал по трката во Монца. Тој ќе го вози автомобилот на АКК Стефановски, Сеат Леон со спецификација ТРЦ модел 2017. Автомобилот, екипата и Иџе комплетно се подготвени за предизвикот кој следи на легендарната Монца, информираат од тимот на Иџе.

По освојување на Имола мината сезона, Стефановски атакува на победи и оваа сезона. Тој ќе се обиде да победи и на легендарната патека „Монца“.
Националниот автодром во Монца се наоѓа во непосредна близина на Милано. Изграден е во 1922, а во 1980 и 2000 претрпе одредени измени. Важи за најлегендарна патека. Ја посакуваат и тркачите, најмногу заради самата атмосфера која ја следи. 

Датум на објава: четврток, 27 април 2017 во 11:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар