Првиот полуфинален пар го сочинуваат градските ривали Реал и Атлетико Мадрид. Овие две екипи минатата сезона играа во финалето кога Реал стана европски шампион.

Прв во двомечот домаќин ќе биде Реал, а реваншот ќе се игра на стадионот на Ателтико.

Во второто полуфинале Монако прво ќе го пречека Јувентус, а потоа ќе се игра реваншот во Тотино.

Првите мечеви ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај. /МИА

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 12:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар