Кевин Дурант не играше поради повреда на коленото, а до победата тимот повторно го водеше Стеф Кари со 19 поени. Клеј Томпсон додаде 16, а Џавал Мекги 15 коша.

Со 2-0 поведоа и Вашингтон во пресметката со Атланта и Хјустон против Оклахома Сити. Вашингтон ја порази Атланта со 109-101. Џон Вол постигна 32 коша со 9 асистенции, а Бил имаше 31 поен.

Хјустон пак триумфираше над Оклахома со 115-111. Брилијантен беше повторно Џејмс Харден со 35 поени, Ерик Гордон имаше 22, а Лу Вилијамс 21 кош. Кај гостите уште еднаш ,,one man show“ имаше Расел Вестбрук со 51 кош, 10 скока и 13 асистенции но мора да се напомене дека потроши дури 43 топки. 

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 18:46
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар