Навивачите на Монако и Борусија Дортмунд создадоа посебно пријателство минатата седмица кога се случи бомбашкиот напад на автобусот на Борусија по што мечот беше одложен за наредниот ден.

Многумина навивачи на францускиот тим преноќија во домовите на фановите на Борусија и тоа беше почеток на силна врска на двете групи.

Во знак на благодарност пред почетокот на синоќешниот реванш во Монако на стадионот беше пуштена химната на навивачите на Борусија Дортмунд што ја пееја сите заедно.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 18:50
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар