На „Камп Ноу“ Јувентус ја зачува предноста од првиот дуел од 3:0 и одигра нерешено 0:0 на теренот на Барселона. „Каталонците“ не успеаја да постигнат гол и дуелот да го направат неизвесен. Јувентус успешно ја одбрани предноста.

На вториот дуел одигран синоќа Монако ја победи Борусија Дортмунд со 3:1 или во вкупниот резултат е 6:3 за Монако. Стрелци на головите за Монако беа: Килијан Мбапе во 3.минута, Радамел Фалкао во 17.минута и Валер Жермен во 81.минута, додека голот за „милионерите“ го постигна Марко Ројс во 48.минута.

Во вторникот полуфинале изборија Реал Мадрид (европски првак) и Атлетико Мадрид.

Извлекувањето на двојките ќе се одржи утре во Нион. /МИА

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 09:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар