Отворен оптимист или мотиватор без граници е прашањето кое го наметна тренерот на Барса, Луис Енрике, кој изјави дека неговиот тим се подготвува да постигне пет гола и тоа по овој редослед; Барселона го дава првиот гол, Камп ноу вториот, третиот паѓа сам а после тоа до пет ке биде лесно.

Од друга страна Масимилијано Алегри побара од фудбалерите на Јувентус да бидат мудри и да не ги повторат грешките на ПСЖ, односно да се постигне гол.

Во вториот натпревар вечерва Монако на домашен терен ке ја пречека Борусија Дортмунд.

Во првиот дуел Монако славеше гостинска победа со 3-2. 

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 18:50
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар