Македонија го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме кога по корнерот на Дарко Стојановски, Славче Живков беше прецизен по удар со глава за 1:0.

Во вториот дел иницијативата ја имаа фудбалерите на Грузија, но нашиот тим од против-напади создаваше шанси и беше опасен по голот на противникот. Бехар Фета искористи грешка на грузиската одбрана и реализираше за 2:0 со што даде потврда на победата на Македонија до 14 години против соодветната селекција на Грузија.

Селекцијата на Македонија до 15 години на турнирот во Ерменија ја загуби со 2:1 од репрезентацијата на Узбекистан.

Голот за Македонија го постигна Стефан Ѓоргиев во 70.минута за во тој момент изедначување на резултатот, но само четири минути подоцна противникот постигна победнички гол.

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 10:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар