Како што јавуваат италијанските медиуми, Фабрегас добил понуда од калчолигашот која изнесува 4,5 милиони евра плус бонуси.

За Фабрегас наводно е заинтересиран и Атлетико Мадрид, но засега од „Винсенте Калдерон“ нема пристигнато понуда за Шпанецот.

Како обештетување Челзи бара 25 милиони евра, а оваа сума за Милан кој доби нови сопственици од Кина, во моментов е превисока.

Кинезите најавија големи засилувања за клубот од Милано. Еден од нив може да биде и Фабрегас доколку со Челзи се најде заеднички јазик околу сумата за негов предвремен раскин на договорот. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 април 2017 во 13:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар