Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ ефект учинок - 32 поени и 13 асистенции беше најефикасен кошаркар на мечот.
Јута го изненади тимот на Лос Анџелес Клиперс и поведе со 1-0 во добиени средби, а исто така изненадувачка победа забележа и Милвоки на гостувањето кај Торонто.
Најлесно помина Сан Антонио кој ја оправда фаворитската улога на дуелот со Мемфис.

Резултати во 1.коло од разигрувањето за титулата во НБА лигата:

Кливленд – Индијана 109:108,
Торонто – Милвоки 83:97,
Сан Антонио – Мемфис 111:82 и
ЛА Клиперс – Јута 95:97.

Вечер играат:
Вашингтон – Атланта,
Голден Стејт – Портланд,
Бостон – Чикаго и
Хјустон – Оклахома.
Серијата трае до четири победи. 

Датум на објава: недела, 16 април 2017 во 12:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар