„Црвено-белите“ го добија и третиот меч од финалето во регионалното натпреварување, откако вечерва во Загреб ја победија Цедевита со 77-61.

Томсон со 14 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа за која Симоновиќ постигна 13, а Волтерс 11 поени.

Со освојувањето на шампионскиот трофеј во АБА лигата, Црвена Звезда и следната сезона ќе игра во елитната Евролига, додека Цедевита заедно со полуфиналистите Будуќност и Партизан се стекнаа со право за настап во Еврокупот. /МИА

коментари

остави коментар