Алонсо ќе се обиде да ја освои „тројната круна“ победа во Монако, Индијанаполис 500 и во трката 24 часа Ле Мен. Единствен возач кој успеал да го оствари овој подвиг досега е Греем Хил.

- Ова ќе биде тежок предизвик, а јас сум подготвен, изјави Алонсо кој веќе има две победи на трките во Монте Карло.

Според најавите од „Мекларен“, ова ќе биде единствената трка која ќе ја пропушти Алонсо, а како негова замена се споменува Џејсон Батон. 

Датум на објава: среда, 12 април 2017 во 17:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар