Индијана ја совлада Филаделфија, Чикаго беше подобар од Орландо, додека Мајами по продолжение го победи шампионот Кливленд. Епилогот околу конечната листа на учесници во плеј-офот ќе биде познат по одигрувањето на последните натпревари од лигашкиот дел.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:

Филаделфија – Индијана 111:120,
Бостон – Бруклин 114:105,
Мајами – Кливленд 124:121 (по продолжение),
Чикаго – Орландо 122:75,
Детроит – Вашингтон 101:105,
Милвоки – Шарлот 89:79,
Портланд – Сан Антонио 99:98,
Голден Стејт – Јута 99:105 и
Ла Клиперс – Хјустон 125:96.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-20, Хјустон 54-27, ЛА Клиперс 50-31, Јута 50-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 41-40,...

Пласман Источна конференција: Бостон 52-29 (победи-порази), Кливленд 51-30, Торонто 50-31, Вашингтон 49-32, Атланта 42-38, Милвоки 42-39, Индијана 41-40, Чикаго 40-41, Мајами 40-41,... 

Датум на објава: вторник, 11 април 2017 во 12:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар