Бранителот на трофејот, Црвена Звезда дуелот го доби со 81:66 (16:27; 29:17; 21:10 и 15:12) и поведе со 1-0 во добиени натпревари.

Гостите од Загреб подобро го почнаа натпреварот и во финишот на првиот дел имаа предност од 15 поени (26:11). „Црвено-белите“ до пресврт стигнаа во 16 минута кога поведоа со 31:30, а потоа имаа водство до крајот на натпреварот.

Чарлс Џенкинс од Црвена Звезда со 20 поени беше најефикасен на дуелот.

Финалето се игра во серија подобар од пет (до три победи), а финалниот натпревар број 2 е на програмата утре исто така во Белград. 

Датум на објава: понеделник, 10 април 2017 во 22:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар