Во победничкиот тим најефикасни беа Пол Милсап со 22 поена и Тим Хардевеј Јуниор со 21, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг реализираше 45 поени, а Леброн Џејмс имаше „трипл-дабл“ 32 поена, 16 скокови и 10 асистенции.

Уште еден „трипл-дабл“, вкупно 42. Во една сезона оствари Расел Вестбрук кој во победата над Оклахома учествуваше со 50 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Со овој учинок Вестбрук го надмина досегашниот рекорд на Оскар Робертсон кој изнесуваше 41 „трипл-дабл“ во една сезона поставен пред 56 години.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни синоќа:
Њујорк – Торонто 97:110,
Атланта – Кливленд 126:125 (по продолжение),
Денвер – Оклахома 105:106,
Мемфис – Детроит 90:103,
Феникс – Далас 124:111,
Сакраменто – Хјустон 128:135,
ЛА Лејкерс – Минесота 110:109.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-14 (победи-порази), Сан Антонио 61-19, Хјустон 54-26, Јута 49-31, ЛА Клиперс 49-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 40-40,...

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-29 (победи-порази), Бостон 51-29, Торонто 50-31, Вашингтон 48-32, Атланта 42-38, Милвоки 41-39, Индијана 40-40, Чикаго 39-41, Мајами 39-41,... /МИА

Датум на објава: понеделник, 10 април 2017 во 10:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар