Тимот на Милвоки забележа победа на гостувањето кај Филаделфија со 90:82 со што „Бакси“ стигнаа до 41-та победа сезонава и го осигураа своето место во разигрувањето.

Иако Атланта не играше, сепак резултатите од синиќешните средби и одеа во полза па „Хоукси“ се шестиот тим од Истокот кој ќе продолжи во разигрувањето.

Комплетни резултати од синоќешните дуели:

Шарлот – Бостон 114:122,
Орландо – Индијана 112:127,
Вашингтон – Мајами 103:106,
Сан Антонио – ЛА Клиперс 87:98,
Портланд – Јута 101:85 и
Голден Стејт – Њу Орлеанс 123:101.

Пласман во плејоф од Источна конференција досега обезбедија шест екипи: Кливленд, Бостон, Торонто, Вашингтон, Атланта и Милвоки.
Затоа пак на Западот веќе седум места се потполнети и тоа од: Голден Стејт, Сан Антонио, Хјустон, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома и Менфис, додека за последното место слободно место се борат Портланд и Денвер.

Датум на објава: недела, 09 април 2017 во 12:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар