Откако во групната фаза остварија три победи, денеска нашите тенисери се поразени од Луксембург во решавачкиот меч за влез во втората зона.

Македонија загуби од Луксембург со 2-1 во мечеви откако Димитар Грабул во беше поразен од Уго Настаси со 0-2 по сетови 4:6 и 3:6, односно во вториот меч, Томислав Јотовски го израмни резултатот совладувајќи го Криштоф Тол со 2-0 по сетови 6:4 и 6.3.

Во решавачкиот трет меч во двојки, Грабул и Јотовски, против Кнаф и Дидерих со 1-2, по сетови 5-7,6-4,2-6.

На крајот од турнирот кој се играше во бугарскиот град Созопол, Македонија заврши како трето пласирана и без пласман во повисок ранг на натпреварување во Дејвис купот.  /МИА

коментари

остави коментар