Турската екипа триумфот го навести со одличниот почеток (10:0) и имаше водство во текот на целиот натпревар. Гостите од Белград се доближија на почетокот на последниот период на негатива од четири поени (55:51), но немаа сили за пресврт, притоа натпреварот го завршија со само една погодена тројка од 16 обиди. Најефикасен на дуелот беше Бред Ванамејкер со 22 поена.

На вториот натпревар кој заврши вечерва ЦСКА Москва – Олимпијакос 90:86. Во тек се натпреварите: Армани Милано – Казан и Реал Мадрид – Анадолу Ефес.

На вчера одиграните дуели од последното коло: Басконија – Жалгирис 79:84, Макаби – Панатинаикос 61:81, Бамберг – Галатасарај 79:84 и Фенербахче – Барселона 68:65.

Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 22-8, Олимпијакос 19-11, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 18-12, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 17-13, Дарушафака 16-14, Црвена Звезда 16-14, Жалгирис 14-16, Барселона 12-18, Галатасарај 11-19, Бамберг 10-20, Макаби 10-20, Армани Милано 8-21 и Уникс 7-22.

Датум на објава: петок, 07 април 2017 во 21:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар