Со овие триумфи и двете екипи имаат подобар биланс за една победа од Мајами во борбата за место во плеј офот.

Чикаго како гостин ја победи Филаделфија, а најдобар на теренот беше Џими Батлер со „трипл-дабл“ учинок 19 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Индијана до триумфот стигна благодарение на серијата од 13-0 во третиот период.

Резултати: Филаделфија – Чикаго 90:102, Орландо – Бруклин 115:107, Индијана – Милвоки 104:89, Њујорк – Вашингтон 103:106, Атланта – Бостон 123:116 и Портланд – Минесота 105:98.

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-27 (победи-порази), Бостон 50-29, Торонто 48-31, Вашингтон 48-31, Атланта 40-38, Милвоки 40-39, Чикаго 39-40, Индијана 39-40, Мајами 38-40,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 65-14, Сан Антонио 60-18, Хјустон 53-25, Јута 48-30, ЛА Клиперс 48-31, Оклахома Сити 45-33, Мемфис 42-37, Портланд 39-40, Денвер 37-41,... 

Датум на објава: петок, 07 април 2017 во 10:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар