Во докрај неизвесниот натпревар одиграна вечерва во Гевгелија, гостите во Скопје победија со 79:77.

Кендрик Пери и Драган Лабовиќ постигнаа по 17, Доминик Мавра 16 поени во победничката екипа.

Кај тимот на Кожув, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Миливоје Мијовиќ со 23 поени, дедека Американецот, Кенион Мек Нил постигна 17.

На двете средби кои се одиграа порано, шампионот, МЗТ Скопје Ааеродром потешко од очекуваното го совлада Куманово со 81-76, додека Работнички беше убедлив против Фени Индустри со 84-69.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 10 бода, Карпош Соколи 9, Работнички 8, Кожув 6, Куманово 6, Фени Индустри 6.  /МИА

коментари

остави коментар