Двоецот Карл – Ентони Таунс и Ендрју Вигинс беа најефикасни кај победникот со 34 односно 29 поени, додека во редовите на Портланд најпрецизен беше Дамиан Лилард со 25 поени.

Портланд се наоѓа на осмото место на „Запад“ со сериозни шанси да ја задржи таа позиција со две победи повеќе и еден пораз помалку од Денвер.
Пласман во плеј офот имаат обезбедено 11 екипи: Бостон, Кливленд, Торонто, Вашингтон (Источна конференција), Голден Стејт, Сан Антонио, Хјустон, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома Сити и Мемфис (Западна конференција).

Регуларниот дел на сезоната трае до 12 април, а на 15 април почнува плеј-офот. 

Датум на објава: вторник, 04 април 2017 во 09:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар