Селекторот Дејан Маринковиќ ќе може да смета на сите играчи кои изминативе пет дена тренираа во Скопје: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари. Нашиот најдобро рангиран тенисер Јотовски, кој изминативе денови го мачеше повредата на раката сепак ќе патува за Созопол откако тренираше со максимален интензитет, иако од Тунис се врати со повреда.

На натпреварите ќе учествуваат 15 репрезентации, кои ќе бидат поделни во две групи.

- Бугарија како домаќин и Република Ирска се најголемите фаворити за првите две места што носат пласман во повисок ранг. Во „вториот ред“ фаворити се Луксембург и Молдавија, а ние со поволен жреб можеме да се надеваме на добар резултат и пред се ако ги избегнеме фаворитите Бугарија и Република Ирска, истакна селекторот Маринковиќ.

Распоредот на групите ќе биде познат во вторник, а победниците на групите ќе играат во полуфиналето. Победниците од полуфиналните дуели ќе се пласираат ранг повисоко во Втората Евро-африканска зона. /МИА

Датум на објава: сабота, 01 април 2017 во 18:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар