Некогаш страшен кошаркар а сега уште подобар забавувач во телевизиските Ен Би Еј шоу програми, неповторливиот Шекил О`нил, приреди уште еден актерски спектакл.

Наводно изнервиран откако дознал дека Леброн Џејмс постигнал повеке од 28.599 кошеви во кариерата и со тоа го потиснал на осмото место на вечната Ен Би Еј листа, Шекил во друштво на неговите колеги аналитичари маестрално одигра разбеснет тип што демолира и крши се пред себе, во случајот магацинскиот простор на телевизиското студио. 

Датум на објава: петок, 31 март 2017 во 19:33
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар