Вестбрук натпреварот го заврши со 57 поени, 13 скока и 11 асистенции со што стана кошаркар со најмногу постигнати поени во „трипл-дабл“ (38-ми оваа сезона) ефект во историјата на НБА лигата.

Воедно, со овој триумф Оклахома го обезбеди пласманот во плеј-офот.

Резултати на средбите во НБА лигата одиграни ноќеска:

Орландо – Оклахома 106:114 (по продолжение),
Филаделфија – Атланта 92:99,
Бостон – Милвоки 100:103,
Њујорк – Мајами 88:105,
Торонто – Шарлот 106:110,
Мемфис – Индијана 110:97,
Њу Орленс – Далас 121:118,
Сан Антонио – Голден Стејт 98:110,
ЛА Клиперс – Вашингтон 133:124,
Сакраменто – Јута 82:112.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 61-14 (победи-порази), Сан Антонио 57-17, Хјустон 51-23, Јута 46-29, ЛА Клиперс 45-31, Оклахома Сити 43-31, Мемфис 41-34, Портланд 36-38,...

Пласман Источна конференција: Кливленд 47-26, Бостон 48-27, Вашингтон 46-29, Торонто 45-30, Атланта 39-36, Милвоки 39-36, Индијана 37-38, Мајами 37-38,.../МИА

Датум на објава: четврток, 30 март 2017 во 09:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар