По успешниот настап на двата турнири на кои остварија осум победи во исто толку одиграни натпревари, селекцијата на играчи до 14 години (родени 2003-та) ги очекува најтешкиот испит, настап во разигрувањето за место во Супер-финалето.

Во периодот од 30 март до 2 април младите „Феникси“ ќе играат во плејофот од Централната зона во која за противници ќе ги има шампионите на Србија, Младост Белград,  на Германија, Баерн Минхен и на Романија Ородеа, како и домаќинот на турнирот Дебрецен.

Настапот во плејофот Феникс ќе го започне вечерва (20 часот) со дуелот против домаќинот Дебрецен. Во петок и недела од 13 часот ќе ги играат дуелите против Ородеа и Младост, а во понеделник од 9 часот и последниот меч во кој за противник ќе го имаат Баерн.

Доколку го минат и овој турнир односно освојат едно од првите две места, овие млади македонски кошаркарски таленти, ќе се вбројат меѓу 8-те најдобри екипи во Европа во конкуренција над 80-тима од „Стариот континент“, односно ќе се пласираат во Супер-финалето кое ќе се одржи од 4 до 7 мај, во Рига, Летонија. /МИА

Датум на објава: четврток, 30 март 2017 во 09:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар