Монако забележа победа со 3-0 на гостински терен против Каен, а со новите три бодови ја зачува лидерската позиција на табелата, во исчекување на вечерашниот настап на актуелниот шампион Париз Сен Жермен .

Два гола на Монако постигна Килијан М’бапе (13 и 81.минута), а во листата на стрелци се запиша и Бразилецот, Фавиот кор реализира пенал (49.минута).

Монако сега има шест бодови повеќе од ПСЖ кој вечерва го пречекува Олимпик Марсеј во последниот меч од оваа рунда.

Денеска се игра и натпреварот Дижон – Сент Етјен.

на натпреварите кои беа одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Мец – Бастија 1-0, Лил - Олимпик Марсеј 0-0, Нант – Ница 1-1, Анже – Гингамп 3-0, Тулуз – Рен 0-0, Нанси – Лориен 2-3 и  Бордо – Монпеље 5-1.

Табела: Монако 71 бода, ПСЖ 65, Ница 63, Олимпик Лион 50 (-1 натпревар помалку), Олимпик Марсеј 46, Бордо 46,... 

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 18:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар