Напаѓачот по само четири месеци откако беше извлечен од остатоците на авионот со тешки повреди стартуваше со полесни тренизни но најважно е што ке биде способен да му се врати на фудбалот.

Останатите двајца преживеани беа голманот Џексон Фолман и Нето. На Џексон Фолман му беше ампутирана ногата и тој изјави дека сака да настапува за параолимписката селекција на Бразил во иднина, а Нето исто така почна со тренинзи и најверојатно ке продолжи да игра за Шапекоенсе во блиска иднина.

Бразилскиот тим веке почна да се натпреварува во групната фаза на Копа Либертадорес што е пандан на Европската Лига на шампиони и пред два дена загуби на домашен терен од аргентински Ланус со 3-1. 

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 18:20
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар