По седумгодишно одсуство Лино Червар и официјално се врати на клупата на Хрватска. Тој денеска во Загреб беше промовиран на позицијата селектор. На пресот Червар рече дека се врака дома и дека тоа е секогаш убаво бидејки ке биде опкружен со луѓе што го сакаат.

Хрватот не пропушти да и се заблагодари на Македонија која како што рече го пречекала со раширени раце и со голема почит.

На присутните им рече дека иако е седум години постар од заминувањето од Хрватска сеуште е гладен за добри резултати и успеси и максимално мотивиран. Червар додаде дека не е сезнајко, дека човек учи додека е жив и несака да си го одземе правото да се бори до крај.

Таквиот пристап има намера да им го пренесе и на играчите. Прашањето дали ке остане на клупата на Металург до крајот на сезоната или заминува веднаш и натаму е отворено

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 18:21
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар