Големиот срeбрен пехар што Европската фудбалска асоцијација му го доделува секоја година на победникот во Суперкупот е во Скопје и денеска беше изложен пред седиштетео на Фудбалската федерација на Македонија. Трофејот е предвесник на големиот фудбалски настан што на осми август годинава ке се одржи на арената Филип Втори кога ке се пресметаат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа.


Уефиниот суперкуп трофеј беше изложен на платото пред Фудбалската федерација на Македонија во атрактивен амбиент карактеристичен за големите натпревари што ги организира УЕФА. Можноста да го овековечат моментот со вредниот трофеј го искористија многу екипи и поединци.

Со пехарот направија фотографии за спомен многу фудбалски екипи од целата земја главно од најмладите категории но и познати фудбалски имиња што и дадоа сериозен печат поставката.

Потсетување трофејот во суперкупот годинава во Скопје ке и биде врачен на екипата што ке добие натпреварот во кој ке се сретнат победникот во Лигата на шампионите и најдобриот во Лига Европа. Двете натпреварувања се во фаза на четвртфинале. Во Лигата на шампионите меѓу најдобрите осум тима има големи имиња што претендираат на титулата европски шампион додека во Лига Европа најзвучно име во четвртфиналето е секако Манчестер Јунајтед предводен од Жозе Мурињо.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 18:20
Зоран Цветановски

коментари

остави коментар